Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски државјанин почина од маларија, има и други заболени

Македонски државјанин почина од маларија, има и други заболени

Вкупно четворица македонски државјани кои оваа година биле во Африка се вратиле со маларија, а еден веќе починал.

Починатиот бил во тешка состојба и додека престојувал во Сиера Леоне, не примал никаква терапија против ова тропско заболување што го пренесуваат комарци.Болеста им била дијагностицирана на Клиниката за инфективни болести.

Епидемиолозите објаснуваат дека постојано имаат по еден до два импортирани случаи.

„Обично фирмите кои ги ангажираат им кажуваат дека се потребни антималарици. Но, при разговорот што го правиме со нив на Инфективна, тие не ја примаат терапијата и се изложуваат на опасност од зараза не само со маларија туку и други тропски болести што ги шират комарците. Мора да се заштитат сите кои одат на сафари, на работа или шетање по афричките земји“ - изјави  Жарко Караџовски, епидемиолог во Институтот за јавно здравје.

Во изминатиот период бројот се зголемува поради поголемата меѓународна раздвиженост и одењето на македонски работници во африканските земји.

Во светски рамки лани регистрирани над 200 милиони нови случаи,  а повеќе од 400 000 луѓе починале од маларија.

Слично

Поврзани вести