Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски државјанин го даде животот за џихадот во Ирак

Македонски државјанин го даде животот за џихадот во Ирак
Уште еден Албанец од Македонија го загуби животот во борбите на страната на радикалната Исламска држава во Ирак. Станува збор за 28-годишниот Месуд Мусли од Скопје. Тој загинал во престрелка во ирачкиот град Басра, борејќи се настраната на џихадистите. Се верува дека Мусли бил регрутиран и заминал на Блискиот Исток преку Германија. Тој често патувал во Германија, а последен пат излегол од Македонија на 26 април оваа година. Ова е прв случај македонски државјанин да загине во Ирак, а уште 10-мина Албанци од Македонија загинаа на боиштата во Сирија.
Слично

Поврзани вести