Македонски џихадист осуден на доживотен затвор во Турција
Македонскиот државјанин, Мухамед Зекири вчера во Анкара беше осуден на доживотен затвор за учество во напади на ИСИС на територијата на Турција.
Тој е осуден заедно со уште двајца, Чендрим Рамадани од Швајцарија и Бенјамин Ху од Германија.
Тие се уапсени во 2014 година откако убиле војник, полицаец и возач на камион во вооружен напад во градот Нигде, во централна Турција. Овој напад се смета за прв акт на насилство на членови на ИСИС во Турција.
Доживотните затворски казни се најтешките казни во турскиот казнен систем. Овие затвореници немаат право на помилување. Осудените во затворот престојуваат во изолорани ќелии со право на само еден час вежбање дневно.
Адвокатот на еден од жртвите изјави дека тројцата се осудени и за обид за насилно уривање на турската влада.
Тие пред да го извршат нападот биле на обука во Сирија, изјавил еден од осудените.
