Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски „Black friday“ викенд попусти со надуени цени

Македонски „Black friday“ викенд попусти со надуени цени

Попустите се најчестите причини поради кои граѓаните ќе се излажат да излезат од дома и да се подноват со ново парче облека.

Викендов што е зад нас беше „Black Friday“ викенд. 

На излозите ширум големите трговски центри можеа да се видат разни рекламни плакати: „Време е за акција“, „-20% попуст на цел асортиман“, „30% попуст“ - голем број намалени производи,  „Black Friday“ викенд до 40%,  „Black Friday“ - 30% ,  „Попуст од 30 до 70 отсто“, кои ги примамуваа граѓаните да влезат .

Шетајќи низ продавниците можевте да слушнете и купувачи од Црна Гора, Србија, Грција кои слушнале за попустите па решиле да видат колку е „евтино“ во Македонија.

Колку се реални навистина овие попусти?

Оние кои ги  анкетиравме велат дека најчесто купувале на попуст. Некои пак сметаат дека овај попуст што го има низ продавниците не е реален, кој како што велат за разлика од светските трговски центри, ако има објавено попуст од 50% тогаш навистина тој попуст е толку.

„Купувам на попуст, но сметам дека не е реален, вели една Скопјанка која често патува и раскажува дека кај нас не се попустите како на запад, таму се знае што е на попуст и тој е реален, ако пишува на половина цена, тоагаш производот е на половина цена.

„Кај нас сметам дека не е така, онаму каде што пишува „се на половина цена“, таа е всушност реалната цена на производот, вели граѓанин.

Трговците пак велат дека сезонските и попустите како „Black Friday“ им ја зголемуваат продажбата од 30 до 50%.

Продавниците кои ги посетивме во Скопските молови не нудеа огромни попусти колку што некои очекуваа. Оттука и сфатливо е зошто Американците се тепаат на секој  „Black Friday“.

Колку се почитува Законот за заштита на потрошувачи ?

Оние подобро упатените знаат дека Законот има точни правила што значи распродажба.

Означувањата што упатуваат на распродажба, односно на намалување на цените, независно од тоа дали намалувањето е изразено во износ или процент, треба да бидат реални и вистинити и мора да бидат изразени на еден од следниве начини :

-со наведување на новата цена покрај видливо прецртаната
претходна цена , или
-со наведување на зборовите” нова цена” и”стара цена”, или
-со наведување на процентот на намалување на цената и
наведување на новата цена покрај видливо прецртаната
претходна цена, или
-со наведување на процентот на одобреното намалување
за секој одделен производ или услуга или за секоја наведена
категорија производи или услуги.

Како претходна цена од ставот 1 на овој член се смета цената која трговецот ја применувал 30 дена пред рекламирањето на распродажбата на производите. Процентот на снижувањето на цената што е објавен во распон, мора да се однесува најмалку на една петтина на сите производи што се на распродажба.

Прашање е колку кај нас трговците го почитуваат законот за заштита на потрошувачите за распродажба?

И.С.

Слично

Поврзани вести