Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонската владина делегација со Фајненшл Тајмс бара инвеститори во Париз

Македонската владина делегација со Фајненшл Тајмс бара инвеститори во Париз
Вчера во Лондон, денеска во Париз - владината делегација од Македонија предводена од премиерот Никола Груевски , во соработка со  Фајненшл Тајмс учестува на бизнис форуми во овие европски градови за да привлече нови инвеститори. Според вицепремиерот  Зоран Ставрески, организацијата која се прави со Фајненшл Тајмс, најреномираното финансиско списание во светот дава посебна тежина и значење на овие форуми и привлекува поголем број бизнисмени и потенцијални инвеститори. Пред форумот во Париз, за МИА тој посочи дека на овие форуми се присутни и претставници на Европската банка за обнова и развој, но и на реномирани финансиски институции. „Верувам дека ваквата комбинација, се она што ние можеме да го кажеме и понудиме, а тоа се најниски даноци во Европа, вкупниот добар бизнис амбиент потврден преку одличното место во рамките на Дуинг бизнис што го има Македонија, добрата инфраструктура и квалитетната работна сила е комбинација која што наидува на голем интерес кај компаниите во Лондон, а верувам и во Париз“,смета Ставрески кој е уверен дека ќе има успешна презентација на земјава. Инаку денеска грчките медиуми го пренесоа интервјуто на премиерот Никола Груевски за „Фајненшл Тајмс“. Во него тој ги повика САД, Германија и Франција да извршат притисок врз Грција за решавање на спорот за името. „Можностите за решавање на спорот со Грција за името на Македонија се најлоши во последниве 18 месеци, и за да се дојде до решение можеби ќе треба интервенција од САД и водечките сили во Европа, изјави Груевски за Фајненшл Тајмс“, пишува „Катимерини“. Свој осврт дава и влијателниот грчки весник „То Вима“. „Покрај тоа што ги повика големите сили да извршат притисок врз Атина за решавање на името, Груевски јавно го обвини премиерот Самарас дека има најекстремни позиции во историјата на спорот за името и ја потврди потребата Грција да го почитува Меѓународниот суд во Хаг кој пресуди дека Грција ја прекршила Времената спогодба во контекст на Самитот на НАТО во април 2008 година“, наведува „То Вима“ каде се наведува дека Македонија испратила „нон пејпер“ до НАТО во кој се враќа барањето за влез во Алијансата под привременото име ФИРОМ“. Сепак добро информирани извори во Брисел за „То Вима“ изјавиле дека засега не постојат намери да се предизвикаат проблеми во грчката Влада со покренување на толку чувствително национално прашање. Како дел од високата владина делегација во Париз заминаа министерот без ресор Веле Самак и директорот на Дирекцијата за технолошки-индустриски развојни зони Виктор Мизо.
Слично

Поврзани вести