Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонската Влада протестира за песните на грчките војници

Македонската Влада протестира за песните на грчките војници
Владата на Република Македонија најостро протестира за „насилничкиот и заканувачки вокабулар кој го употребуваат грчките војници и кој е својствен за некои дамнешни времиња’, стои во владиното соопштение. „Ваквите чинови подгреваат меѓудржавна омраза. Владата ги презема сите дипломатски чекори за осуда на овој и ваквите слични настани во Република Грција, кои не придонесуваат за промовирање на добрососедството и духот на соработката. Загрижува фактот што вакви недолични и нецивилизирани појави со години се повторуваат во Република Грција, а јавноста не се сеќава да имало официјално извинување и оградување од властите. Веројатно не им пречи кога Македонци, Албанци или Турци им ги оставаат парите како туристи, а надвор од тоа пеат дека “ќе им ја цицаат крвта”, се нагласува во соопштението од македонската Влада. Според Владата, Европската Унија ова го премолчува и толерира, а не би требало. „Сведоци сме на прекумерни реакции за збиднувања во земјава, но редовно кога станува збор за ваков речник и настапи во Република Грција кои рефлектираат и промовираат насилнички национализам се премолчува. За доброто на европската идејa и вредностите кои таа ги промовира, неопходно е ваквите практики и брутални изблици на најрадикален национализам во државни структури да наидат на најостри осуди“, нагласуваат од македонската Влада. Медиумите минатата недела објавија дека на Јутјуб од 15-ти јули се поставени видео снимки на кои грчка војска пее песни полни со омраза и навреди кон народите од нивното соседство. „Ќе им ја испиеме крвта на Турците, Скопјаните и на Албанците’... пеат грчките војници за време на секојдневните активности во нивните бараки. Ова не е прв ваков инцидент, а грчки војници антимакеоднски песни скандираа и на воена државна парада во 2010 година. http://www.youtube.com/watch?v=02kg4hg6Y3E
Слично

Поврзани вести