Македонската просечна плата изнесува скоро 29.000 денари
Во јуни просечната плата во Македонија изнесувала 28.744 денари.
Како што објави Државниот завод за статистика, просечната бруто плата била 42.950 денари. Просечната нето плата е за 7,0 отсто повисока отколку во јуни лани, а бруто платата е повисока за 7,1 отсто.
Зголемувањето кај нето платата е поради зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (25,1 отсто), Уметност, забава и рекреација (20,5) и Информации и комуникации (14,1 отсто). Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (4,3 отсто), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (2,6 ) и Рударство и вадење на камен (1,6 отсто).
Премиерот Зоран Заев се пофали дека платите во континуитет растат.
Во јули пак се зголемени трошоците на живот за 0,5 проценти во однос на јуни.
Во јули на едно семејство му биле потребни 34.128 денари за основните трошоци.
