Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонската левица ќе протестира за поддршка на босанските граѓани

Македонската левица ќе протестира за поддршка на босанските граѓани
Левичарски здруженија утре организираат протест пред амбасадата на Босна и Херцеговина во Скопје, во знак на поддршка на босанските граѓани кои неколку дена демонстрираат за социјални права. Протестот, кој ќе се одржи во 17 часот, го организраа движењето за социјална правда „Ленка“, левичарското движење „Солидарност“ и други левичарски иницијативи. Организаторите во својот проглас ги осудуваат медиумите кои „сакаат да фрлат црна дамка врз социјалните протести во БиХ“ и ги повикуваат работниците и безимотните да го следат примерот од БиХ и „да излезат на улица за да стават крај на неправдите“. „Солидаризирајќи се со нашите другари, ја повикуваме работничката класа и безимотните маси од нашата држава да го следат примерот на нивните другари од Босна како и од регионот и да излезат на улиците да им стават крај на овие неправди. Ако се чувствуваш обесправен! Ако се чувствуваш искористен, излажан, експлоатиран, изманипулиран, ограбен, изрази го својот револт!“, се вели во прогласот. Овие здруженија повикуваат на надминување на етничките разлики и поделби и „изградба на класна свест наспроти доминантната национална“.
Слично

Поврзани вести