Македонската компанија „Езимит“ ќе отвори кардихируршка клиника во Љубљана
Македонската компанија „Езимит“ купила деловен простор во Љубљана каде ќе отвори нова кардиохируршка клиника. Информацијата ја објави словенечкиот весник Дело.
Сопственикот на „Езимит“ Зоранчо Митровски за весникот ја потврдил информацијата и рекол дека во новата кардихируршка клиника чекањето за дијагностика ќе биде сведено на два до три часа, а не со месеци како што е сега. Во клиниката треба да работат врвни кардиолози од Словенија и од странство. Новата болница ќе биде отворена следното лето, а во првата фаза ќе бидат вложени околу 18 милиони евра.
Словенечкиот медиум јавува дека таму ќе биде ангажиран еден од најпознатите кардиохирурзи во регионот Томислав Клокочовник. Тој летово дадал отказ од Клиничкиот центар во Љубљана.

Клокочовник во Клиничкиот центар во Љубљана работел 34 години и е носител на концесија за кардиоваскуларна дејност уште од летото 2011 година. Извршил бројни операции и во странство.
