Македонската и Бугарската академија на науките го одбележаа Свети Кирил и Методиј
Македонската и Бугарската академија на науките денеска во Скопје заеднички го одбележаа Денот на сесловенските просветители- Свети Криил и Методиј.
Тие трета година по ред заедно го прославуваат овој ден и велат дека и за најчувствителните теми академиците на двете држави разговараат низ призма на науката со аргументи и факти.Претседателот на МАНУ, Таки Фити вели дека дијалогот меѓу академиите е многу важен затоа што така се поддотвора и вратата за политичарите согласно со европските вредности да ги решаваат евентуалните спорни прашања. Вели дека и прашања за идентитетот може да се отворат и да се дискутираат со аргументи.
„Меѓутоа, битно е да се разговара, битно е да гледаме напред. Бугарија е полноправна членка на Европската Унија, ние сме земја-кандидат и мислам дека треба да ги отвораме тие прашања и, се разбира, да ги решаваме во согласност со европските вредности и принципи“ - рече тој.
Претседателот на БАН, академик Воденичаров кажа дека голема желба на претседателите на двете академии е политичарите на двете држави повеќе да ги слушаат научниците.
“Научниците се луѓето што може да кажат за нешто како било и, евентуално, да претскажат што и како ќе се случи. Кога ќе почнат да ги слушаат научниците, се ќе се поправи. Во нашата делегација сме шест члена од Бугарската академија на науките и еден епископ. Четворица од нив имаат дедовци и прадедовци кои живееле во овие земји. Мислам дека меѓу луѓето кои живеат и во Бугарија и во Македонија нема проблеми. има проблеми меѓу државниците. Ние кога ќе седнеме – се разбираме и мислиме како заедно да работиме“ - рече Воденичаров.
Пригодни говори за придонесот на Кирил и Методиј во описменувањето на Словените и за значењето на Моравската мисија зборуваа академиците од МАНУ и од БАН, Блаже Ристовски и Дамјан Дамјанов
Слично
