Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонската и албанската опозиција едногласни, буџетот нема да се донесе, Павле Трајанов повика на разум!

Македонската и албанската опозиција едногласни, буџетот нема да се донесе, Павле Трајанов повика на разум!
Пратеникот од Демократскиот Сојуз Павле Трајанов, изрази сериозна загриженост за случувањата поврзани со Буџетот. - СДСМ без причина ги крева политички тензии што може да го доведе во прашање извршувањето на основните функции на државните институции.  Навременото донесување на буџетот позитивно ќе влијае на економскиот развој, пред се преку капиталните инвестиции. Пратеникот Изет Зеќири, пак изјави дека попусто се кршат копјата Собранието и попусто сите го разубедуваат СДСМ, кога НДП нема да повлече ниту еден амандман. - ВМРО може дури и да се договори со СДСМ ама без договор со НДП, буџетот нема да помине. Од ДУИ бараме 65 милиони евра за поддршка на инвестиции во западна Македонија, кои се значајни за Албанците и немаме намера да ги повлечеме амандманите, изјави Зеќири. Во меѓувреме пратениците на СДСМ ја окупираа собраниската Сала каде што треба да се одржи седницата на Законодавно-правната комисија бидејќи таму на дневен ред е разгледување предлог-буџетот за 2013 година. Од СДСМ велат дека согласно деловникот прво Буџетот и амандманите треба да мината на матичната Комисија за финансирање и буџет, а потоа на законодавно правна комисоа. Пратениците на СДСМ ги тргнаа микрофоните од клупите, и се решени, како што велат да не дозволат одржување на ова комисија, бидејќи не се запазени процедурите. Како што засега стојат работите и македонските и албанските партии во опозицијата се на ист став, Буџетот да не мине се додека не се прифатата амандманите со кои се предвидува штедење во делот на непродуктивните трошоци.
Слично

Поврзани вести