Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонската економија ќе ги трпи последиците од руско-украинскиот конфликт

Македонската економија ќе ги трпи последиците од руско-украинскиот конфликт

Македонската економија ќе забави, а растот годинава ќе изнесува 2,7 проценти. Ова е наведено во прогнозата на Светската банка.  

Храната и цените на енергенсите, ќе ги зголемат трошоците на живот и најпогодени ќе бидат ранливите категории на граѓани. Македонската економија ќе ги трпи последиците од руско-украинскиот конфликт и санкциите воведени кон Русија. Ако продолжи војната во Украина, Светска банка прогнозира намалување на надворешната побарувачка, зголемување на цените на стоките и енергијата и доцнење на инвестициите.  За 2023 и за 2024 година, Светска банка прогнозира раст од 3,1 односно 3,2 отсто.

Што се однесува до Украина, таа ќе има голем пад на БДП, а последици ќе трпи и Русија. 

Многу земји во светот сега се соочуваат со инфлација каква немале со децении. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести