Македонската дијаспора ќе го финасира фондот Македонија 2025
Македонија 2025 наскоро ќе почне да бара инвеститори за фондот што треба да го финансира дијаспората.
Според извршниот директор на Македонија 2025 Мајкл Фентон, во текот на вториот Глобален инвестициски самит, што се одржува во Охрид ќе биде објавена новата фаза од ова партнерство и оти договорот ќе почне да се спроведува наскоро.
- Многу добро ни оди со формирањето на најавениот фонд. Извршниот директор на СЕАФ Македонија спомена дека тоа е ново за Македонија и ќе биде потребно време. Македонија е веќе влезена во тој процес и ќе почнеме да бараме партнери за 2014 година, изјави Фентон.
Фондот, како што информираше, ќе се финансира покрај од дијаспората и од СЕАФ преку неговите извори и од финансиски институции, пензиски фондови, приватни инвеститори, како од Македонија, така и од странство.
