Македонската демократија бележи пад, констатира Фридом хаус во извештајот
Македонската демократија бележи пад, констатира Фридом хаус во својот извештај.
Македонија има пад во шест од седумте категории што се мерат во извештајот на Фридом хаус „Земјите во транзиција 2016“.
Земјава забележа надолен тренд поради натамошни откритија за тешки неправилности на изборите во 2014 година, што предизвика бојкот на опозицијата во Парламентот, како и новите информации поврзани со скандалот со широкиот владин надзор на политички и верски лидери, новинари и граѓани. Оценка за слободите е три и пол, за политичките права, четворка, а за граѓанските слободи, тројка.
Во извештајот единаесет земји забележаа пад на демократијата.
Слично
