Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонската делегација денеска на аудиенција кај папата Франциск

Македонската делегација денеска на аудиенција кај папата Франциск

Претседетелот Ѓорге Иванов денеска во Ватикан беше примен од поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск.

Иванов, во Рим и Ватикан,  ја предводи македонската државна и црковна делегација по повод чествувањето на Свети Кирил.

На средбата Иванов и Папата размениле мислења од областа на историјата и односите на Македонија и Ватикан.

Куриозитет е што претседателот Иванов беше примен во приватната резиденција на папата Франциск, што се смета дека претставува особена чест.

Во состав на делегацијата се министрите за надворешни работи и за образование и наука Никола Попоски и Спиро Ристовски, архиепископот охридски и македонски г.г Стефан, митрополитот европски господин Пимен, епископот хераклејски господин Климент...

По средбата, што траеше подолго од предвиденото, Папата и Претседателот имаа  и пленарни разговори со државната и црковната делегација. Папата Франциск од македонската држава и од црковната делегација предводена од архиепископот Стефан доби подарок резба Свети Кирил и икона од Богородица.

Покрај средбата со поглаварот на Римокатоличката црква, претседателот Иванов и македонската делегација во Апостолската палата во Ватикан имаше средба со државниот секретар на Светиот престол, монсињор Пјетро Паролин.

Средбата се одржува во годината кога Македонија и Ватикан одбележуваат 20 години дипломатски односи.

Заедничка оценка е дека во изминатите дваесет години е постигнато одлично ниво на заемно почитување и соработка.

Столбови на односите на  Светиот Престол и Република Македонија се Мајка Тереза, Свети Кирил, словенските просветители, како и заедничките заложби за почитување на различностите, христијанските вредности и дијалогот.

Македонската државна и црковна делегација престојува во Рим и Светата столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“.

Слично

Поврзани вести