Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонската берза се уште не чувствува економско заздравување

Македонската берза се уште не чувствува економско заздравување
Заживувањето на економијата не се чувствува на пазарот со хартии од вредност во Македонија. Македонската берза и натаму покажува слаба активност и интерес на инвеститорите. „Во 2013 година нема ниту една јавна емисија на хартии од вредност што покажува дека компаниите сеуште не го користат пазарот на капитал како извор на финансисрање на своите проекти“, вели директорката на Комисијата за хартии од вредност Елизабета Чингароска. Причините за ова, според експертите, лежат во ниската ликвидност, лошото работење во некои од котираните компании, но и во недефинираната сопственост. Компаниите избираат постојано да се задолжуваат кај банките, наместо да издаваат акции за да се снабдат со свеж капитал. Според првиот човек на Берзата Иван Штреиев, сепак има простор за оптимизам. „Имаме една понагласена позитивна динамика и заклучно со вчерашниот ден, МБИ10 е во плус од 2,25%“, вели тој. Прометот на Македонската берза се движи од 50 000 до 100 000 евра дневно. За споредба, на Берзата во Истанбул на четири пазари се остварува дневен промет од 1 до 10 милијарди долари, а на нив тргуваат многу мали акционери и странски инвеститори од Азија и Европа.
Слично

Поврзани вести