МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА И ФАКТОР БИРААТ АКЦИЈА НА ГОДИНАТА - гласањето е во тек
Македонска берза и оваа година доделува повеќе награди во различни категории за најпрепознатливите и најактивни учесници и други субјекти кои се директно или индиректно поврзани со пазарот на хартии од вредност,.
„Фактор “ директно ќе соработува со Македонска берза во категоријата Акција на годината, за што веќе е отворена анкетата за гласање од страна на јавноста. Номинирани се десет можни добитници. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Одборот на Берзата донесе нова Методологија ( каде има измена и во оваа категорија) и со цел јавно признание на најпрепознатливите и најактивни учесници и други субјекти кои се директно или индиректно поврзани со пазарот на хартии од вредност, Македонска берза и оваа година доделува повеќе награди во различни категории.
Наградата „Акцијата на годината “ се доделува на котирано акционерско друштво, избрано по неколку хетерогени критериуми, односно со гласање преку онлајн анкета на веб страната на интернет порталот Фактор-партнер на Берзата за оваа награда и врз основа на однапред дефинирани квантитативни критериуми. Оттука, процесот на избор е целосно транспарентен и се темели на комбинација од мислењето на јавноста и јасно мерливи пазарни податоци. Целта на оваа награда е да се истакнат компаниите кои имаат ликвидност и уживаат доверба кај инвеститорите.
Предмет на анкетата на Фактор е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет. Ова значи дека во изборот влегуваат само компании кои имале значителна активност и интерес кај учесниците на пазарот. Мислењето на јавноста има голема улога за објективно мерење на перформансите и однесувањето на котираните друштва на Берзата, односно извонредноста заслужува јавно признание.
Во продолжение компаниите кои треба да бидат дел од анкетата и за кои ќе се гласа:
- Комерцијална банка Скопје
- Алкалоид Скопје
- Макпетрол Скопје
- Стопанска банка Скопје
- НЛБ Банка Скопје
- Реплек Скопје
- Гранит Скопје
- Македонијатурист Скопје
- Македонски Телеком Скопје
- ТТК Банка Скопје
Квантитативните критериуми за избор на акција на годината се: промет од редовно тргување во БЕСТ системот, број на трансакции од редовно тргување во БЕСТ, фреквентност на тргување, пораст на цената во анализираниот период, исплата на дивиденда и пазарен подсегмент. При утврдување на ранг листата се зема во предвид и критериумот изречена мерка од страна на Берзата спрема издавачот, односно доколку врз некој издавач има изречено мерка опомена, јавна опомена или мерката внесување на листата за набљудување со цел да се обрне внимание на инвеститорската јавност поради посериозно непостапување од страна на издавачот согласно Правилата за котација.
Табеларно прикажано конечната ранг листа ќе се формира согласно овие критериуми и нивното влијание:
Критериум | Учество на поединечен критериум во рангирање |
Критериум Промет | 16,67% |
Критериум Број на трансакции | 16,67% |
Критериум Фреквентност на тргување | 16,67% |
Критериум Пораст на цена | 16,67% |
Исплата на дивиденда | 8,33% |
Котација на пазарен сегмент | 5,00% |
Јавност- онлајн анкета Фактор | 20,00% |
Вкупно | 100,00% |
Оттука, после добивање на резултатие од спроведената анкета на Фактор, Берзата ќе ги аплицира и овие критериуми и ќе се добие конечната листа, а со тоа и победникот во оваа категорија. Крајните резултите ќе бидат споделени со вас.
