Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонската армија ќе се справува со мигрантите на границите

Македонската армија ќе се справува со мигрантите на границите

Претседателот Ѓорге Иванов во најкраток можен рок ќе издаде наредба за ангажирање на Армијата на Македонија на јужната и северната граница долж Коридорот 10.

Во моментов тој го чека предлогот на Владата за да ја издаде наредба.

Откако Владата прогласи кризна состојба на овие граници, Иванов најави ангажирање на армијата како помош на полицијата за справување со мигрантскиот бран.

„Неопходно ќе биде на полицијата да и се излезе во пресрет, бидејќи има потреба од дополнителни ангажмани, со оглед дека во овој дел станува збор за околу 50 километри гранична линија каде што претежно бегалците доаѓаат од Грција во Македонија. Јас како претседател и Владата мора да преземеме активности за ангажирање на армијата да и помогне на полицијата во справување со овие предизвици. Армијата ќе биде ангажирана да го обезбеди овој дел од границата што го споменав од околу 50 километри на јужниот дел, но и да се обезбеди северниот дел кај „Табановце“ - рече Иванов.

Слично

Поврзани вести