МАКЕДОНСКА РЕАЛНОСТ: Сметките блокирани, извршители тропаат на врата!
Расте бројот на граѓани и компании со блокирани сметки. За една година во Македонија има нови 20 илјади граѓани со блокирани сметки. Односно, во февруари годинава имало 77.569 граѓани со блокирани сметки, додека пак во февруари минатата година имало 57.622 граѓани кои имале блокирани сметки. Тоа значи дека за само една година нивниот број е зголемен за 19.947 граѓани кои имаат блокирани сметки.
Драстично зголемување на бројот на граѓани со блокирани сметки, имало во март минатата година. Односно, од 57.622 колку што биле во февруари, во март одеднаш овој број се искачил на 75.294, и оттогаш се движи во овие рамки, па во февруари годинава изнесува 77.569 граѓани со блокирани сметки.
Граѓани со блокирани сметки
- Февруари 2015 57.622
- Март 2015 75.294
- Февруари 2016 77.569
Слично
