Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонска пошта за пола година изгубила 2000 пратки

Македонска пошта за пола година изгубила 2000 пратки

Во првата половина на оваа гдоина Македонска пошта примила 2046 жалби поради изгубени пратки, но 2030 од нив ги отфрлила како неосновани.

Вкупниот број на жалби во тој период бил 2302, од кои 2164 се однесувале на поштенски сообраќај, додека 138 се однесувале на други поштенски услуги.

„Што се однесува до жабите поднесени за други поштенски оператори, забележани се 56 приговори поради оштетени пратки“, изјави директорот на Агенцијата за пошта Влатко Атанасовски во интервју за МИА.

Тој потсети дека граѓаните кои не се задоволни со услугата на било кој поштенски оператор може да поднесат жалби и приговори, а операторите дека се должни да постапат и да одговорат во законскиот рок, кој зависи од видот на услуга на која граѓанинот се жали.

„Ако нема одговор или корисниците и понатаму се незадоволни имаат шанса да и се обратат на Агенцијата за пошта како второстепен орган“, рекол Атанасовски.

Слично

Поврзани вести