Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонска Медиумска Асоцијација ќе ги застапува националните телевизии во Македонија

Македонска Медиумска Асоцијација ќе ги застапува националните телевизии во Македонија
Новоформираното здружение Македонска Медиумска Асоцијација ќе ги штити интересите на пет приватни телевизии во Македонија - Канал 5, Сител, Телма, Алфа и Алсат. Иако се конкуренти во медиумскиот простор, тие заеднички ќе настапуваат во Стопанската комора на Македонија за да се борат за остварување на своите права на пазарот. За претседател на ММА е избран Иван Мирчевски, генерален директор на Канал 5, а за заменик Атанас Кировски, главен и одговорен уредник на Телма. „Ова е едногласна одлука на петте најмоќни телевизии“, рече Мирчевски, според кого телевизиите веќе детектирале проблеми во системот и во законите кои ја регулираат нивната дејност. Правилникот за работа на асоцијацијата треба да биде изготвен за 15 дена. Формирањето на новото здружение го поздравија и министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и првиот човек на Агенцијата за медиуми Зоран Трајчевски.
Слично

Поврзани вести