Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонска Каменица за половина година инкасирала 650 илјади евра од концесии

Македонска Каменица за половина година инкасирала 650 илјади евра од концесии

За половина година, Македонска Каменица, од наплата на концесии прибрала 657,4 илјади евра, додека од продажба на земјиште се инкасирани само 8,805 денари. 

Ваквата реакција на општината следува, по информација на Фактор дека од продажба на земјиште се инкасирани повеќе од половина милион евра, и појаснуваат дека во ставката продажба на земјиште, влегуваат и концесиите од експлоатација на минерални суровини што се наплаќаат.

Македонска Каменица, годинава нема планирано објава за распродажба на државно неизградено градежно земјиште. Додека пак минатата година, по овој основ инкасирале 73 илјади евра. Односно имало три објави за продажба на државно неизградено земјиште и тоа за осум парцели.

Слично

Поврзани вести