МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА: Растот на БДП до крајот на годината се ревидира на 3,1 отсто!
Забавеното темпо на растот на бруто-домашниот производ во вториот квартал од 2,6 отсто е очекуван, а дел од причината е неизвесноста од политичката криза, сметаат дел од економистите. Според дел од експертите растот на БДП е и понизок од очекуваниот, а особено загрижува падот на бруто инвестициите.
-Растот на БДП е понизок од иницијално очекуваниот главно поради намалените инвестиции. Падот на бруто инвестициите е очекуван. Политичката криза која беше со најсилен интензитет во вториот квартал од годината влијаеше на воздржаност и одлагање на инвестиционите одлуки, што се одрази и врз БДП. Очекувањата се дека годината да ја завршиме со раст на БДП од околу 3,1%, вели Благица Петрески претседателка na Институтот за економски истражувања и политики “Finance think”.
Според дел од економистите причината за забавениот раст не е само политичката криза туку проблемот е длабоко во целокупниот општествен систем и во проблемите кои со години наназад се провлекуваат.
-Независноста на судството, спроведувањето на договорот, заштитата на сопственичките права, владеењето на правото ,корупцијата, сите тие елементи веќе неколку години влијаат на самата бизнис клима и опкружувањето во кое што работат субјектите. Ако на ова ги додадеме и ефектите кои што ги има политичката криза, тогаш очекувано е дека ќе имаме забавување на економијата. Ние немаме проблем само со политичката криза, веќе неколку години наназад и во самите извештаи и од Европската комисија и од Меѓународниот монетарен фонд се нотира дека имаме проблеми во самиот систем кои се постојани, кои што создваат неизвеснот кај инвеститорите да донесат одлука дека можат да функционираат во нашата земја. Тоа е тој проблем кој што треба да го решиме, како и квалитетот на институциите, сите тие елементи треба да ги решиме, ако тоа го решиме тогаш нема да имаме проблем. Секако дека и политичката криза која што на виделина ги извади проблемите кои веќе ние ги имаме во нашето општество, уште повеќе влијаеше врз намалување на БДП, особено на бруто инвестициите. Значи намалени се стопанските активности, особено што најголем пад кај компонентите на БДП има кај бруто инвестициите,а тоа укажува дека имаме одредена резервираност и воздржаност на самите инвеститори како странски така и домашни во донесувањето на некои покрупни инвестициони одлуки во нашата земја во овој период, вели универзитетската професорка, Шенај Хаџи Мустафа.
БДП ќе расте со забавено темпо и во следниот период
Дел од економистите коментираат дека и покрај придвижувањата на политичката сцена, сепак неизвизноста останува. Поради тоа прогнозираат дека и во следните квартали економскиот раст ќе има забавено темпо,а годината ќе се заврши со помала стапка на економски раст од проектираната. Според прогнозите на Институтот “Finance think” економскиот растот ќе се намали и под 3,4 отсто.
-Во вториот квартал од 2015, Македонската економија порасна за 2.6%,што е понизок раст од првично очекуваниот. Падот на бруто инвестициите и значајното забавување на увозот се робустни знаци дека политичката криза извршила негативни импликации врз економијата. Од друга страна, порастот на јавната потрошувачка е висок, компензирајќи дел од ефектите на политичката криза.Позначаен носител на растот останува државно-индуциран ата градежна активност, а посилниот импулс од странските инвестиции зависи од намалувањето на политичкиот ризик.Оттука,Finance Think врши втора надолна ревизија на стапката на раст на економијата за 2015 година на 3.1 % од претходните 3,4%, се посочува во најновиот Макро монитор на Институтот.
И со ребалансот на буџетот, економскиот раст се ревидираше од 4 на 3,5 отсто. Економистите укажуваат дека доколку трендот на намалување на бруто инвестиции продолжи, тоа ќе влијае негативно врз вкупната економија.
-Самата намаленост на инвестициите значи дека не се искористуваат капацитетите со кои што располага нашата земја и сето тоа ќе биде во насока на намалување на вработеноста, односно зголемување на невработеноста, а секако ќе се намали и самата стопанска активност која што ја вршат и другите компании во нашата земја а кои што биле поврзани со овие странски инвестиции . Ако ова темпо продолжи секако дека тоа нема да биде позитивно, меѓутоа ако постои одредено разрешување или подобрување на оние елементи во системот кои што имаат проблеми, тогаш мислам дека самите домашни и странски инвеститори би биле посигурни и би донеле одлука да инвестираат, вели универзитетската професорка, Шенај Хаџи Мустафа .
Државниот завод за статистика, во вториот квартал измери пораст на БДП од 2,6 отсто што епомалку од првиот квартал кога беше 3,2 отсто. По структура податоците покажуваат пораст кај речиси сите параметри, но е регистриран пад на бруто инвестициите од 7,6 отсто.
Според податоците од Народната банка заклучно со првата половина од годинава, салдото на странските директни инвестиции било 121,3 милиони евра и во споредба со истиот период лани се намалени за 34 милиони евра. По завршување на првиот квартал, инвестициите изнесувале 3,5 проценти од БДП, стапка која значајно не е променета во изминатите три години.
Во последниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд се нотира дека економскиот раст годинава ќе биде 3,2 отсто, но како ризици остануваат домашната политичка криза, како и кризата во Грција, кои може да влијаат врз инвестициските одлуки.
Ј.С

Слично