Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонска делегација по инвестиции од Индија

Македонска делегација по инвестиции од Индија
Висока владина делегација денеска ги презентираа можностите за инвестирање во Македонија пред бизнисмените на Хидерабат, економскиот центар на индиската држава Андра Прадеш. Како што соопшти Министерството за финансии, Андра Прадеш е една од економски најразвиените од 28-те држави во Индија со популација од 70 милиони жители. Градот Хидерабат, пак, се смета за база на фармацевтската индустрија, биотехнологијата, како и бизнисот со недвижнини. - Вицепремиерот Ставрески и членовите на македонската делегација денеска пред 80 компании ги презентираа поволностите кои ги нуди Македонија на странските инвеститори. Беше истакнато дека Македонија е земја со најниски даноци во Европа, како и една од најдобрите бизнис дестинации со добра бизнис клима, како што беше на повеќе пати посочено од релевантните меѓународни институции, стои во соопштението од Министерството за финансии. Од страна на индиските компании бил искажан голем интерес за условите кои ги нуди Македонија за инвеститорите. Биле воспоставени контакти и се очекува процесот да продолжи со нивно доаѓање во земјава. Владината делегација продолжува со прикажување на инвестициските можности пред индиските компании и утре во Ченаи
Слично

Поврзани вести