Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонска делегација на Самит во Индија

Македонска делегација на Самит во Индија

Македонска делегација учествува на Самитот  во Индија што од 26 до 29 јануари се оддржува во Агра во организација на најголемата индиска стопанска комора „CII“, а на кој се присутни претставници на 1.200 компании од Индија и Југоисточна Азија,  како и владини претставници од 65 земји од светот.

Самитот се смета за еден од најголемите  самити  на кој учесниците имаат можност да ги промовираат своите економии и компании, како  и да ги унапредат бизнис релациите, инвестициите и трговската размена.

Во македонската делегација, информираат од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, се министрите за странски инвестиции и без ресор, Бил Павлевски и  Неждет Мустафа, директорите на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и Технолошко-индустриските развојни зони, Висар Фида и Виктор Мизо, како и економскиот промотор Тони Атанасовски.

- Директорот Фида и економскиот промотор Атанасовски  се сретнаа со претставници на неколку индиски компании од областа на инфраструктурата, ИТ, автомобилскиот сектор и секторот туризам,  а договорија и соработка со претставниците на Малезискиот институт за Стратешко инвестирање и развој (АСЛИ). Македонската делегација оствари средби и со владини претставници на Индија, ресорни министри, со премиерот  на најголемата индиска сојузна држава Утар Прадеш, како и со други владини делегации и претставници на мултинационални корпорации, се вели во соопштението од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.

Слично

Поврзани вести