Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонска делегација во лов на инвеститори од Татарстан

Македонска делегација во лов на инвеститори од Татарстан
На чело со вицепремиерот Зоран Ставрески, економската владина делегација, а како дел од посетата за промоција на инвестициските можности на Македонија во Руската Федерација, одржа бизнис форум во Република Татарстан. Покрај вицепремиерот, со делегацијата заминаа и министерот за привлекување на странски инвестиции Веле Самак, како и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски зони Виктор Мизо. За Ставрески, Татаrстан е една од најдинамичните и воедно најмодерните економии во Руската Федерација. „Нивната економија како брзо растечка е доста слична на македонската, затоа очекувам понатамошен развој на соработката, како во делот на трговијата, така и во инвестициите“, изјави Ставрески. За време на средбата  со претседателот на Татарстан, Рустем Миниканов било дискутирано за економската соработка меѓу Македонија и оваа руска република Ккао што соопштија од владиниот кабинет, било истакнато дека Македонија има одлични услови за потенцијалните инвеститор и најниски даночни стапки во Европа. За соработка биле предложени  земјоделието, информатичката технологија, автомобилската индустрија и туризмот. Во рамките на ова роуд-шоуто, делегацијата ќе лови инвеститори и во Екатеринбург, Новосибирск, а посетата ќе заврши во Санкт Петербург, со Меѓународниот економски форум.
Слично

Поврзани вести