Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонска берза вклучена во регионалната анализа на InterCapital Securities

Македонска берза вклучена во регионалната анализа на InterCapital Securities

Почнувајќи од 17.08.2016 година случувањата на Македонската берза станаа дел од анализата на регионалните берзи што на дневна основа ја изготвува InterCapital Securities од Хрватска, којшто и официјално стана партнер на СЕЕ Линк ДОО Скопје (заедничкото друштво основано од берзите од Софија, Загреб и Скопје) во делот на анализа на случувањата на пазарите на хартии од вредност од регионот.

Со оваа анализа се опфатени пазарите на капитал во Словенија, Хрватска, Романија, Србија, Бугарија и Македонија, а истата содржи податоци за дневните перфомански на берзите и најликвидните хартии од вредност, како и за позначајните корпоративни активности на секој пазар.

InterCapital Securities ја дистрибуира оваа публикација до поголем број институциионални и индивидуални инвеститори, а истата е достапна на интернет.

Слично

Поврзани вести