Македонска берза со сензационален раст на прометот во октомври
Драстичен пораст на прометот на Македонска берза покажуваат официјалните податоци од октомврискиот билтен на берзата.
За месец октомври прометот на берзата изнесува 271.876.233 денари или неверојатен раст од 73,64%. Во септември прометот изнесуваше 156.578.963.
Бројот на трансакции на Берзата во октомври изнесува 1.457 и истиот бележи раст 51,77%.
Индексот МБИ10 порасна за 6,37% и изнесувал 2.078,84 индексни поени.
Слично
