Македонска берза ќе го прекине тргувањето со акциите на Реплек
Македонска берза ќе го прекине времено тргувањето со акциите на Реплек откако вчера мнозинството акционери не ја изгласало работата на Управниот и на Надзорниот одбор на Компанијата со што сменети се од позицијата и Иван Туџаров и останатите менаџери на компанијата.
Фактор дознава дека додека нема информација од компанијата берза нема да дозволи да се тргува со овие акции. Тргувањето почна во 10 часот а информациите од берза ги добивме неколку минути претходно.
Mнозинството акционери, предводени од Душан и Владимир Пецовски вчера на Годишното Собрание на акционери на Реплек АД Скопје, изгласале недоверба на сите членови на Управниот Одбор и на Надзорниот Одбор на компанијата.
Согласно Член 363 и 384 од Законот за Трговски Друштва, со неодобрување на работата на одборите, сите членови вклучувајки ги и Иван Туџаров, односно Претседателот на Управниот Одбор (Генералниот Директор на Реплек АД), како и Претседателот на Надзорниот Одбор се истовремено разрешени.
Сите активности, дејствија и овластувања се замрзнати се додека не се назначи нов Управен и Надзорен одбор, на продолжената седница на Годишното Собрание на Акционери во рок од 8 до 15 денови.
Фактор има и други детали кои ќе ги објавиме наскоро
