Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНСКА БЕРЗА КУПИЛА ПОГОЛЕМ ДЕЛ ОД АКЦИИТЕ НА ЕУРОСТАНДАРД ВО ДЕПОЗИТАРОТ: Аукцијата помина успешно

МАКЕДОНСКА БЕРЗА КУПИЛА ПОГОЛЕМ ДЕЛ ОД АКЦИИТЕ НА ЕУРОСТАНДАРД ВО ДЕПОЗИТАРОТ: Аукцијата помина успешно

Успешно заврши јавната берзанска аукција за продажба на акциите кои пропадната Еуростандард банка ги поседуваше во Централниот депозитар за хартии од вредност, дознава Фактор. На аукцијата која беше одржана вчера се понудија на продажба 890 обични акции издадени од Централен Депозитар за хартии од вредност АД Скопје кои се 14,83 отсто од основната главнина на друштвото. Почетната продажна цена по акција беше 15.000 денари, а се продаваа преку моделот „на парче“. Според информациите на Фактор, поголемиот процент од акциите, односно пакет до 10 отсто купила Македонска берза, а останатиот помал дел го купил друг инвеститор. Официјално купувачите на сите акции во двете трансакции ќе бидат објавени по порамнувањето.

Инаку постои ограничување кој може да биде акционер во Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје. 

„Акционери во депозитарот можат да бидат брокерски куќи, банки, друштва за осигурување, друштва за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, берзи и депозитари, со добиена дозвола за работење од орган надлежен за издавање на дозвола за работење на овие субјекти.

Правните лица и со нив поврзаните лица можат да се стекнат со квалификувано учество на акции само во еден депозитар. 

Согласно позитивната законска регулатива поимот квалификувано учество е дефиниран вака - „квалификувано учество во брокерска куќа, берза или депозитар за хартии од вредност" е директно или индиректно поседување на најмалку 10 отсто или повеќе од вкупниот број на акции или од издадените акции со право на глас во брокерска куќа, берза или депозитар за хартии од вредност, без оглед дали лицето ги стекнува акциите само или заедно со други поврзани лица”

За поседување акции над 10 отсто односно физичко и/или правно лице кое има намера директно или индиректно, постапно или одеднаш, да се стекне со акции чиј вкупен кумулативен износ надминува 10 отсто, 20 отсто, 30 и 50 отсто од вкупно издадените акции со право на глас на брокерска куќа, депозитар или берза на хартии од вредност, без оглед на тоа дали има намера акциите да ги стекне само или заедно со други поврзани лица, е должно да поднесе барање до Комисијата за добивање на претходна согласност за стекнување на квалификувано учество.

А.Т.

Слично

Поврзани вести