Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонки заминале да берат печурки во Холандија, завршиле како робинки!

Македонки заминале да берат печурки во Холандија, завршиле како робинки!
Шест Македонки се дел од истрагата против сопственик на фарма за печурки во Холандија, кој е обвинет за трговија со луѓе, објави Дневник. Тие во 2012 година на интернет нашле оглас за работа во Холандија, па преку претставничка на фирмата во земјава заминале на печалба. Но, тука почнува и нивниот хорор - биле затворани во бараки, пасошите им биле одземени, а не им биле исплаќани плати како што било предвидено со договорот кој го потпишале пред да отпатуваат, открила трудовата инспекција. Македонките прифатиле да сведочат во судскиот процес против нивниот газда. Овој случај не е единствен. Експертите бараат да се актуелизира проблемот за трудовата експлоатација за да можат граѓаните да се заштитат од измамничките понуди за работа. „Македонски државјани на возраст меѓу 18 и 40 години често се жртви на трудова експлоатација во земјите на ЕУ каде што бараат работа. Таму заминуваат преку огласи на интернет или потпишуваат договори со сомнителни фирми од земјава и од соседството. За жал, имало примери да стануваат жртви на трговија со луѓе, да им се ограничи слободата на движење, да не им се исплаќа трудот, а понекогаш биле и малтретирани“, вели за Дневник Санде Kитанов, началник на единицата за борба против трговијата со луѓе во МВР и член на Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција.  
Слично

Поврзани вести