Македонка загина во терористичкиот напад во Брегот на Слоновата Коска
Македонката Анита Андреевска загина во терористичкиот напад вчера во Брегот на Слоновата Коска.
Андреевска била дел до мисијата на Обединетите нации во оваа африканска држава. Одговорноста за нападот на туристичкото место Гранд Басам на Брегот на Слоновата Коска, во кој беа убиени 16 лица ја презеде фракција на Ал Каеда.
Од Министерството за надворешни работи засега не можат да ја потврдат информацијата.
Во 3 хотели на Брегот на Слоновата коска имаше терористички напад, при што загинаа 16 луѓе, меѓу кои 4 Европејци.
Слично
