Македонка се повреди, а Бугар загина, по судар со лос во Алјаска
Бугарин загина во сообраќајна несреќа откако лос претрчал пред неговиот пат во Алјаска. Тој имал 24 години, а жена од Северна Македонија на иста возраст е повредена во несреќата, јавува локалната телевизиска станица KTUU, а пренесува 24 Часа.
Младиот човек од Бугарија бил возач на автомобилот и починал на местото на настанот. Инцидентот се случил околу 1 часот наутро во петокот на автопат непосредно пред влезот во Националниот парк Денали, дом на највисокиот врв во САД.
Управата на паркот потсети на опасностите од средба со големи животни на патот во Алјаска, особено при слаба видливост кога лосовите и елените се поактивни.
Слично
