Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонка ноќна мора за 40 девојки од Куба - Зарабени во Турција приморани на проституција

Македонка ноќна мора за 40 девојки од Куба - Зарабени во Турција приморани на проституција

Македонка создала голем синџир на проституција во тууската престолнина откако преку интернет примамувала млади девојки од Куба на кои им ветувала дека ќе ги ангажира како танчерки во турските клубови и дискотеки за многу високи хонорари. Сепак, девојките откако биле примени веднаш биле поробувани со цел сексуално да бидат експлоатирани.

По доаѓањето во Турција, на Кубанките веднаш им биле одземени пасошите  и ги сместиле во квартот Улус во турската метропола. Кубанките биле проституирани цели два месеци.

Македонката организирала автомобил кој секоја вечер ги земал девојките од хотел и ги носеле кај претходно договорените клиенти, потоа ги враќале до квартот и ги затворале повторно во хотелот. 

Мрежата е разбиена откако една од Кубанките успеала да избега и да го пријави случајот во амбасадата на Куба во Анкара каде побарала засолниште.

Девојките се вратени во Куба а менаџерката од Македонија е во притвор. 


Слично

Поврзани вести