„Македонијатурист“ ќе дели дивиденда
Вкупно 1,37 милиони евра како дивиденда ќе подели компанијата „Македонијатурист“, објави денеска фирмата. Според одлуката, висината на бруто дивидендата по акција ќе изнесува 13,7% од номиналната вредност на акцијата.
Дивидендата се распределува од акумулираната добивка на компанијата. Последен рок за тргување со правото на дивиденда е 24 април 2014 година.
„Македонијатурист“ е компанија од областа на угостителството и туризмот. Компанијата располага со шест хотели: „Холидеј Ин“, „Бест Вестерн“, „Бест Вестерн - Белви“, „Хотел Карпош“, „Хотел Водно“ и „Хотел Јадран“, како и два ресторана во Скопје. Во акционерско друштво се трансформираше во 1990 година.
Слично
