Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонијатурист избра нови членови во Управниот и Надзорниот одбор

Македонијатурист избра нови членови во Управниот и Надзорниот одбор

Македонијатурист преку Македонска берза извести дека Собранието на акционери на седницата на 22 мај донело одлука за нови членови на Надзорниот одбор да ги постави. Елизабета Чингаровска (независен член), Емилија Долинска и Фатмир Етеми. Наедно, Етеми е избран за претседател на надзорниот одбор.

Хотелско-угостителското акционерско друштво истовремено извести дека со одлука на Надзорниот одбор избрани се Влатко Стрезовски и Фатон Халим на местото на Маја Николовска и Леонид Антиќ.

Досегашниот член и претседател на Управниот одбор Ацо Дудулоски, продолжува да ја извршува истата функција.

Слично

Поврзани вести