Македонија земја со најниски даноци во глобални рамки
Македонија е на прво место меѓу државите со најниски даноци во светот, објави Бизнис Инсајдер.
Просечната даночна стапка во нашата земја од 7.4% е најмала на глобално ниво. Македонија е единствена земја во светот, со општа даночна стапка на бизнисот пониска од 10 %. На листата на 29 држави со најниски даноци се забележува концентрација на држави богати со нафта лоцирани на Арапскиот Полуостров. Зад Македонија, втор на листата е Катар, а трет Кувајт, а скоро сите земји од овој регион се рангирани меѓу првите 10 држави со најниски даноци.
Од балканските земји, 11-та по ред е Хрватска со просечна даночна стапка од 18.8%. Црна Гора има еден од најниските даноци на добивка од 9% и се наоѓа на 17-то место, додека Босна и Херцеговина е на 21-то место. Последна на 29 место на листата е Бугарија со просечно даночно ниво од 27%.
Порталот ја направи листата врз основа на последното рангирање за глобална конкурентност на земјите од страна на Светскиот економски форум и пресметката за вкупно даночно ниво од Светска Банка.
Просечната даночна стапка е збир од данокот на добивка, социјалните придонеси, даноците на труд кои ги плаќаат фирмите, данокот на имот и други такси и даноци.
Слично
