МАКЕДОНИЈА ВРАБОТУВА: Првиот месец слаби ефекти?
За помалку од еден месец вработени се вкупно 120 лица со помош на мерките на Владата од „Македонија вработува“. Компаниите имаат интерес да вработат лица од различни возрасти и различни категории. Придонесите за нив ги плаќа државата и со тоа трошоците за фирмите ќе бидат значително пониски.
Очекувањата се дека за една година ќе се вработат од 15 до 20 илјади лица, па оваа бројка од 120 лица засега не е баш за пофалба сметаат експертите.
Инаку едно неодамнешна анализа покажа дека оваа мерка на Владата не смее да биде мерка сама по себе бидејќи ефектот на крајот ќе биде слаб.
“Оваа мерка најпрво се потпира на владина политика за субвенционирање, ова значи дека државата, преку Буџетот директно учествува со поддршка. Но ако се навлезе длабински, парите што државата ги плаќа за придонесите практично завршуваат во касите, повторно на државните институции, што значи дека се става од лев во десен џеб, во ист кош. Сумираните податоци, трошокот и бенефитот на државата, на крајот упатуваат на тоа дека за неа, за државата ефектот е нула“.
Сепак, сумирано, истражувањето покажува дека за седум години вкупниот ефект од оваа мерка ќе изнесува 7,6 милиони евра.
“Сумирано, мерката е позитивна со ефект врз економиајта од 7,6 милиони евра. Но перспективно треба да се размислува како да се зголемат примањата што се даваат на вработените до ниво блиско до републичниот просек“, велат економистите.
Инаку, од 2007 година, кога се спроведуваат мерките за стимулурање на вработувања, преку државна помош како грант или кредит, вработени се повеќе од 40 000 луѓе.
Слично
