Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија во „златна средина“ по кредитирањето на приватниот сектор во регионот

Македонија во „златна средина“ по кредитирањето на приватниот сектор во регионот

Според податоци од Светската банка, Македонија во регионот се наоѓа во „златна средина“ по задолженоста на поединците и претпријатијата кон приватните банки.  Кредитите кои приватниот сектор во 2017-та изнесуваат 49,4 отсто од нашиот БДП.

Задолженоста е поголема од Србија (43 отсто), Албанија (43 %) и Словенија (44,8%), додека помала е од БИХ (54%), Бугарија (52%) и Хрватска (57,7%).

Во најразвиените европски економии сепак кредитирањето кон приватниот сектор е повисоко. Во 2017 година во Австрија заемите на финансиските институции биле 84 проценти, а во Франција 101,6 отсто од БДП. Во Германија кредитите се 77 отсто од германскиот БДП.

За анализата на позицијата на Македонија може да се прочита овде.


Слично

Поврзани вести