Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНИЈА ВО ТОП 10: Имаме голем број работници на „црно“ во Германија

МАКЕДОНИЈА ВО ТОП 10:  Имаме голем број работници на „црно“ во Германија

Македонија се наоѓа меѓу десет земји од каде потекнуваат најголем број на работници во Германија со нерегулиран престој и кои работат на црно. 

„Мнозинството работници против кои е покрената постапка за ‘недозволен престој’ работеле во градежништвото, угостителството и други услужни дејности, без притоа да имаат неопходна дозвола“, стои во доверлив извештај на „Центарот за заеднички анализи и стратеги“, пренесува „Дојче веле“.

Меѓу земјите, во чие друштво се наоѓа Македонија, се: Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Виетнам, Украина, Турција, Косово, Молдавија и Гана.

Работата на црно во Германија се зголемила во однос на претходната година. Во првата половина од годинава се поведени 65.755 постапки за работа на црно.

Слично

Поврзани вести