Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија во претседателска кампања

Македонија во претседателска кампања
Од синоќа на полноќ официјално започна предизборната кампања за претстојните претседателски избори. Во 20-дневната изборна трка влегоа четворица канддиати: Ѓорге Иванов од ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски од СДСМ, Илијаз Халими од ДПА и Зоран Поповски од ГРОМ. Актуелниот шеф на државата Иванов, кампањата за вториот мандат ќе ја започне вечерва со митинг во Охрид. Пендаровски почнува со Конвенција во Скопје, во Универзалната сала. Поповски изборната трка ја почнува од ТЦ „Лептокарија“ во Карпош, а Халими од Чаир. Кампањата трае 20 дена, а спооред Изборниот законик во овој период не е дозволена вонредна исплата на плати, пензии, социјална помош и други исплати на буџетски средства. За две недели, Македонија ќе влезе во уште една кампања - онаа за предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат заедно со евентуалниот втор круг од претседателските избори. Во пресрет на стартот на кампањата, Народниот правобранител отвори бесплатна телефонска линија на која гласачите можат да пријават повреда на избирачко право. Линијата е во функција секој ден од 8 до 16 часот, а по пријавите ќе се постапува веднаш, информираат од Канцеларијата на Народниот правобранител.
Слично

Поврзани вести