Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија во наредните неколку месеци мора да биде примена во НАТО

Македонија во наредните неколку месеци мора да биде примена во НАТО
Спорот за името меѓу Македонија и Грција трае предолго. Македонија во наредните месеци мора да влезе во НАТО, а потоа и во Европското семејство. Ова се пораките на американскиот експерт, Јанош Бугајски од Центарот за европски политички анализи во Вашинктон кој нагласи дека Сад и ЕУ треба да извршат притисок бидејќи не смеат да дозволат понатамошно одлагање на овој спор. Според него, Грција е таа која треба да биде исклучена од НАТО и ЕУ бидејќи не го почитува меѓународното право. „Мислам дека овој спор трае предолго. Треба Ние, САД и ЕУ, да им објасниме на Грците дека едноставно е предоцна овој спор да продолжи и мора да се реши. Лично мислам дека Европејците можеа да ја условат Грција да го реши спорот со Македонија, кога и одобрија помош за финансиската криза“, вели Бугајски во изјава за МРТ.
Слично

Поврзани вести