Македонија во изборен молк!
И официјално започна изборниот молк во Македонија за првиот круг од претседателските избори. Поради изборите, според одлуката на ДИК, дводневен прекин ќе има и кампањата за предвремените парламентарни избори.
Се гласа в недела, но уште денеска на гласање ќе излезат затворениците, раселените лица, болните и изнемоштените. Денеска се гласа и во дијаспората, во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во светот. Дијаспората за првпат гласа на претседателски избори.
Право на глас, според единствениот Избирачки список, на петтите избори за претседател имаат 1.779.572 избирачи. Гласањето ќе се спроведува на 3.480 избирачки места во Македонија и 34 во дијаспората. Претседателските избори ќе ги следат 8.325 домашни и 326 странски набљудувачи.
Фактор во согласност со прописите на изборниот молк ги прилагоди содржините на својата веб-страница.
Слично
