Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија во февруари ја посетиле над 32.000 туристи

Македонија во февруари ја посетиле над 32.000 туристи

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2016 година изнесува 32 467, а бројот на ноќевањата изнесува 72 385.

Бројот на туристите во февруари 2016 година, во однос на февруари 2015 година, е зголемен за 9.2%, а бројот на ноќевањата пораснал за 16.2%.  Бројот на домашните туристи во февруари 2016 година, во однос на февруари лани, е зголемен за  17.6%, а бројот на странските туристи е зголемен за 4.9%.  Ноќевањата на домашните туристи во февруари 2016 година, во однос на февруари минатата година се  зголемени за 19.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 13.9%. Најмногу туристи имало во главниот град, а потоа следуваат другите туристички центри и езерата.

Слично

Поврзани вести