Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија во Детроит привлекува инвеститори од автомобилската индустрија

Македонија во Детроит привлекува инвеститори од автомобилската индустрија

Можностите, како и сите поволности за странските инвеститори во Македонија беа претставени во Детроит, на конференцијата за автомобилска индустрија која се одржа во организација на Здружението на производители на автомобилски компоненти од САД.На оваа конференција присуствуваа над 700 гости, меѓу кои и бројни производители од автомобилската индустрија од САД и од целиот свет.

„Дел од големите компании од автомобилската индустрија најавија посета на нашата држава. Освен Македонија, свој штанд имаше и Канада, а свои претставници имаа и Турција, Германија, Италија и бројни држави од САД. Со остварените контакти на овој настан се зголемуваат можностите за влез на странски инвестиции во земјава“, се вели во соопштение од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.
Слично

Поврзани вести