Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија вложи 280 милиони евра во нов возен парк! Кои се најголеми увозници на нови возила?

Македонија вложи 280 милиони евра во нов возен парк! Кои се најголеми увозници на нови возила?

Македонците претпочитаат европски производители на нови возила, а најголеми приходи лани од продажба на нови возила и од сервис оствариле две компании кои нанашиот пазар увезуваат германски возила

Македонските граѓани минатата година вложија над 280 милиони евра во нови автомобили, комерцијални возила, камиони, автобуси и моторцикли. Овој официјален податок е агрегат од приходите кои лани ги остварија најголемите увозници, дилери и трговци со нови возила во земјава.

Податоците покажуваат дека Македонците кои купуваат нови возила односно автомобили претпочитаат и најчесто избираат европски марки возила.

Така најголем приход во широката понуда на возила има увозникот на реномираните германски производители Воксваген, Ауди, Порше, чешка Шкода и шпански СЕАТ, тоа е компанијата „Порше Македонија“. Нивниот приход лани надминал 58 милиони евра. Изворот на тие приходи е од продажба на нови возила и од сервисирање на возила во нивните овластени сервиси.

За нијанса помал приход лани има увозникот на, по многумина глобално најпопуларниот европски производител Мерцедес -Бенз, а тоа е скопската компанија „Мак Ауто Стар“. Тие лани инкасирале над 52 милиони евра од продажба на нови и од сервисирање возила. 

Воедно овие две компании се и најголемите работодавачи во бизнисот со продажба на нови возила.

Според официјалните податоци на Царинската управа лани се увезени 8.790 патнички автомобили, 1.131 товарно возило и 24 нови автобуси.

 Извор https://customs.gov.mk/mk-MK/pocetna/za-nas/publikacii-i-izveshtai/broj-na-uvezeni-vozila.nspx

Целата листа на најголемите увозници на автомобили, товарни возила, моторцикли и автобуси е овде:

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести