Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија влезе во програмата „Фискалис“ на ЕУ за унапредување на даночниот систем

Македонија влезе во програмата „Фискалис“ на ЕУ за унапредување на даночниот систем

Согласно ЕУ директивата и Меѓународната организација за определување дејствија за спречување на перење пари и на финансирање на тероризам (Financial Action Task Force, FATF), но новото предлог законско решение се вградени и решенија во насока на надминување на ризиците идентификувани со Националната проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам усвоена во 2020 година.

На денешната седница е усвоен Извештајот за извршените преговори за усогласување на Договорот меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за учество на нашата земја во програмата на Унијата „Фискалис“ за периодот 2021-2027 година и е прифатен текстот на договорот.

Со учеството во „Фискалис“ програмата на ЕУ Владата на Северна Македонија се стекнува со поддршка на даночните власти и оданочувањето со цел да се подобри функционирањето на внатрешниот пазар, да се поттикне конкурентноста на Унијата и правичната конкуренција во Унијата, да се заштитат финансиските и економските интереси на Унијата и нејзините земји-членки, вклучително и заштита на тие интереси од даночна измама, даночно затајување и избегнување данок, како и подобрување на наплатата на даноците.

Слично

Поврзани вести