Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија вечерва пред Европскиот парламент

Македонија вечерва пред Европскиот парламент
Европскиот парламент вечерва ќе расправа за резолуцијата за Македонија подготвена од британскиот европратеник Ричард Ховит. Во документот, според предложениот текст, Европскиот парламент уште еднаш го повикува Советот на Европската унија да утврди без одлагање датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Билатералните и добрососедските односи треба да бидат во конструктивен дух, водејќи сметка за принципите на ОН и ЕУ. Европарламентот жали што одлагањето на датумот за преговори ја акцентира растечката фрустрација на јавното мислење во однос на ќорсокакот во кој се наоѓа процесот на интеграција во Унијата и ризикува да предизвика проблеми и тензии во земјата. Грција е повикана да го искористи своето претседавање со ЕУ за да даде нов елан на процесот на интеграција, а Македонија се повикува да продолжи со реформите и да им стави крај на политиките и пракитиките кои можат да претставуваат пречка за нејзината европска иднина. Поздравена е добрата клима на петте билатерални средби меѓу работните групи од Македонија и Бугарија и дека дијалогот е добра рамка за да се разгледаат чувствителните прашања од историјата, населението или другите заедничи теми меѓу двете земји. Резолуцијата го споменува и случајот со апсењето на новинарот Томислав Кежаровски и изразува жалење за нарушениот углед на земјата во областа на слободата на медиумите. Истовремено, Ховит во документот изразува загриженост за отсуството на интегрирано образование и се повикува на разбивање на стереотипите, етничките поделби и промовирањето на инклузивна двојазичност на незадолжителна основа, а се осудуваат сите видови на ултранационализам. Европарламентарците вечерва ќе дебатираат за резолуцијата, а ќе гласаат утре.
Слично

Поврзани вести