Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија увезува оружје, производството не ги задоволува потребите

Македонија увезува оружје, производството не ги задоволува потребите

Во Македонија повеќе се увезува оружје и воена опрема, отколку што се произведува, покажуваат статистиките.

Производството на оружје во земјава е мало за потребите на воениот и на цивилен сектор и се сведува на неколку капацитети. Тие произведуваат класични или нарачани по спецификација огномети, одредени чадни и гасни гранати, мал број на калибарска муниција, лансери за балистички проектили и панцирна опрема. Овие информации денеска беа соопштени на  прес -конференцијата која ја организираше новата Групација на производители на оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена во Стопанската комора на Македонија.

„Во последниот период многу малку се произведува оружје. Ние како групација ќе се трудиме да се поолесни добивањето дозволи за работа, како и тие за реекспорт, а исто така ќе се потрудиме да се создаде соодветно образован кадар кој ќе може дел од стручните лица да ги замени во работата“ - кажа претседателот на оваа групација, Димитар Мангутов.

Порано оваа опрема се произведуваше во Македонија, во комплексот „Сувенир“ кај Самоков, како и во прилепски „Еурокомпозити“.

Слично

Поврзани вести