Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија уште две места подолу на листата на „Фридом хаус“

Македонија уште две места подолу на листата на „Фридом хаус“
На 122 место се најде Македонија според слободата на медиумите во најновиот извештај на „Фридом хаус“. Ова е за две места полошо од претходниот ранг на земјава. Индексот на медиумски слободи во Македонија е 57, економското опкружување е оценето со 19, политичкото со 21, а законското со 14 индексни поени. Според извештајот, кој опфаќа 197 земји, Македонија е во групата „делумно слободни“, а од поширокиот регион полошо од нас котира само Турција, која е означена како неслободна земја. Во извештајот, 122-то место Македонија го дели со Кенија и Конго, a повеќето балкански земји се во групата „делумно слободни земји“, иако котираат подобро од Македонија. На дното на листата, на 197-то место е Северна Кореја, а првото место го делат Шведска, Норвешка и Холандија. Влошување на состојбите со слободата на медиумите се забележува во целиот свет, а особено во земјите на Блискиот Исток. „Само еден на секои шест луѓе во светот има пристап до слободни медиуми“, проценува„Фридом Хаус“.
Слично

Поврзани вести